Следи нѐ
To Top

Трагедија на фестивалот Сигет во Будимпешта: Дрво усмрти кампер на последниот ден од фестивалот

Иако денеска во раните утрински часови сите посетители и кампери на фестивалот Сигет го напуштаат островот на реката Дунав по седумдневната програма на „Островот на слободата“, тимот на фестивалот објави дека еден посетител загинал откако врз него паднало дрво.

Во моментите кога посетителот го пакувал својот шатор кој се наоѓал на неозначена и несигурна локација на островот, врз него паднало големо дрво најверојано како последица од обилните врнежи кои вчеравечер ја зафатија Унгарија.

реклама

Медицинскиот тим од фестивалот се обидел да го спаси животот на посетителот, за кој се уште не се знае неговата возраст и пол, но тој им подлегнал на повредите.

Иако оваа трагедија се случила по завршувањето на фестивалот и на неозначена локација, тимот на Сигет упатува длабоко сочувство кон фамилијата и пријателите и во голем шок за трагичниот крај на овогодинешното издание на фестивалот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.