Следи нѐ
To Top

Англиските ученици се меѓу најнесреќните деца во светот

Децата во Англија се меѓу најнесреќните во светот, покажува истражувањето на организацијата „Чилдренс Сосаети“.

На ранг листата од 15 земји од сите континенти, Англија се наоѓа на пртепоследното, 14 место.

реклама

Зад англиските деца, се наоѓаат само нивните врсници во Јужна Кореја, а пред нив, децата од земји какви што се Етиопија, Алжир или Романија.

Во анкетата, повеќе од една третина од англиските деца се жалеле дека се тероризирани во училиште, а половината од нив признале дека се чувствуваат целосно исклучени.

Објавувањето на резулатите од исражувањето го натера раководството на „Чилдренс Сосаети“ да побара од британската влада да интервенира и да обезбеди закони со кои ќе се измени ситуацијата во домашните улилишта, особено што тероризирањето на децата од страна на други деца, посилните од нив, е од поодамна позната состојба која кај многу деца создава трауми, што не ретко трајно остануваат.

Истражувањето во Англија го спроведоа експерти од Универзитетот во Јорк.Наодите до кои тие дошле, подооцна биле споредени со сознанијата кои биле добиени од анкетата во 14 други земји, направена за проектот „Децата на светот“.

Со анкетата во Англија, биле опфатени повеќе пд 53 илјади деца на возраст меѓу осум и 12 години. Со децата е разговарано во текот на 2013 и 2014 година, а биле опфатени деца од различни социјални средини и од разни делови од земјата-од мали села, до големи градови.

Прва на ранг листата на најсреќните деца е Романија, а во групата на првите пет земји со задоволни деца, се и Колумбија, Шпанија, Израел и Естонија.

Германија исто така е рангирана зад Етиопија и Алжир, а сиромашниот Непал е пред Полска, што само покажува дека среќата за децата не е поврзана со општеството богатство, со големината и стандардот на земјата во која живеат.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Uncategorized

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.