Следи нѐ
To Top

Жена загина од удар од автобус кај Мислешево

Жена го загуби животот во сообраќајна незгода што синоќа се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, кај селото Мислешево.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја потрврди незгодата, која според него, се случила околу 21 часот кога автобус, од засега непознати причини удрил во жената која се движела на патот. Од ударот жената, чиј идентитет не е соопштен, починала на местото, а екипа на Итната помош од Струга само ја констатирала смртта.

реклама

Увид извршиле јавен обвинител и полициски службеници од Полициската станица – Струга, а истрагата треба да утврди под кои околности се случила незгодата.

Повеќе детали полицијата најави во текот на денот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.