Поврзи се со нас

Популарно.мк

Дамјан Стојановски уште една година во дресот на МЗТ Скопје Аеродром

Кошарка

Дамјан Стојановски уште една година во дресот на МЗТ Скопје Аеродром

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски и во следната сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Подолго време двете страни преговараа околу продолжување на соработката.

– Македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски потпиша нов договор со тимот на МЗТ Скопје Аеродром, кој ќе важи во натпреварувачката сезона 2015/2016. Поради здобиената повреда во текот на минатата сезона, Дамјан Стојановски одигра само девет натпревари во дресот на македонскиот шампион.

Во петте настапи од АБА лигата тој имаше просек од 11 поени 2 скока и 1.6 асистенции, додека во домашниот кошаркарски шампионат на четири дуели оствари просечен учинок од 10.8 поени, 3.5 скока и 3.3 асистенции. По завршувањето на неговите обврски со националниот тим ќе се приклучи на подготовките на МЗТ Скопје, се вели во соопштението од клубот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Кошарка

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.