Следи нѐ
To Top

ФОТО: Тројца повредени во тешка сообраќајна несреќа во населба Аеродром

Насловната фотографија е преземена од Курир

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на булеварот Србија во скопски Аеродром, во близина на бензинската пумпа на МАКОИЛ.

реклама

При несреќата, двете возила, голф и опел корса, излетале од патот и влетале во огромна дупка која поради гражните зафати што се одвиваат во близина не е покриена.

Од СВР Скопје за медиумите потврдуваат дека има тројца повредени, еден потешко, кој бил примен во Ургентниот центар, а другите двајца се примени во Специјалната хируршка болница „Свети Наум Охридски”.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.