Следи нѐ
To Top

За два месеца 44 илјади мигранти влегле во Македонија од Грција

Само во последните два месеца од Грција во Македонија влегле околу 44.000 мигранти, повеќето од Сирија, Авганистан, Ирак и Пакистан. Голем дел од нив организирано се транспортираат до македонската граница од страна на грчките власти, објавува Би-Би-Си.

Последен таков пример е вчерашната одлука на Владата во Атина со брод да пренесе 2.500 мигранти во Солун од каде потоа би продолжиле до Македонија на пат кон некоја од западноевропските земји. Од Солунското пристаниште бегалците организирано се пренесуваат со автобуси до граничниот премин Евзони.

реклама

Поради напливот на мигранти од Грција македонските власти вчера прогласија кризна состојба на јужната и на северната граница. Според информациите од терен, на македонско-грчката граница и во Гевгелија продолжуваат да пристигнуваат нови мигранти. Дел од нив се упатуваат кон железничката станица во Гевгелија, а на полициските службеници им покажуваат потврди издадени во Грција и признаваат дека биле организирано транспортирани со автобуси до македонската граница.

Властите во Грција тврдат дека од јануари годинава најмалку 160.000 бегалци влегле во земјата, од кои 50.000 само во последниот месец.

Официјалните бројки на пограничната агенција на ЕУ, Фронтекс, покажуваат дека во јули во земјите од ЕУ влегле 107.500 мигранти. Нивни најпосакувани одредници се Австрија, Германија, Велика Британија и Шведска.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.