Следи нѐ
To Top

Пет воза со мигранти денеска од Гевгелија заминале кон Табановце

Од железничката станица во Гевгелија кон Табановце денеска се упатиле три редовни  и два вонредни воза со мигранти.

Возовите, како што истакнуваат вработените во Железничката станица имаат капацитет за превезување од 100 до 700 лица.

реклама

Во моментов на станицата во Гевгелија има од 100 до 200 мигранти. Некои од нив вадат билети, а останатите го чекаат утринскиот воз кој поаѓа во 5 часот и 15 минути.

Според очевидци, денеска полицијата, контролирано, во неколку наврати пуштала по 200-300 мигранти кои од дивиот премин на македонско-грчката граница се упатувале кон железничката станица во Гевгелија, а оттаму патот го продолжуваат кон граничкиот премин Табановце и македонско-српската граница.

Припадници на АРМ вечерва поставуваа дополнителна заштитна ограда. Мигрантите на неколкупати се обидоа да ја преминат граничната линија, но беа спречени од полицискиот безбедносен кордон кој беше поставен. Со помош на претставниците на УНХЦР и преведувачите на арапски јазик на мигрантите им беше посочено дека вечерва треба да преспијат таму каде што се, и оти утре изутрина ќе бидат пропуштени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.