Поврзи се со нас

Популарно.мк

Полицијата и АРМ ја контролираат состојбата со мигрантите на границата

Актуелно

Полицијата и АРМ ја контролираат состојбата со мигрантите на границата

Насловната фотографија е преземена од Ројтерс

Полицијата и војската распоредени долж границата со Грција ја контролираат ситуацијата со неколкуте илјади мигранти кои се обидуваат да влезат на македонска територија.

Состојбата повремено е напната поради обидите на некои од мигрантите да го пробијат безбедносниот кордон на граничната линија на која е поставена жичана ограда, а екипи на УНХЦР со помош на преведувачи на арапски јазик се обидуваат да ја смират масата.

Засега не се пропуштаат мигранти со исклучок на оние кои се повредени или на кои им е потребна медицинска помош. Тие веднаш добиваат медицинска нега од екипите на Црвениот крст и од амбулантните возила и во придружба се упатуваат кон Гевгелија. Хуманитарна помош во вода и ќебиња им делат полициските службеници и покрај тоа што мигрантите се од другата страна на границата.

– Моментално на терен имаме еден доктор, три парамедици и еден преведувач на арапски јазик. Тука сме за да помогнеме во санирање на медицински повреди, да поделиме вода, пакети со храна, бебешки пакети, хигиенски пакети за мажи и жени, комплети за прва помош, ќебиња, изјави Александар Јонузовски од Црвениот крст на Република Македонија.

Тој посочи дека денеска нивните екипи укажале помош на сите повредени мигранти.

– Нема лице кое побарало помош, а да не му е помогнато, рече Јонузовски.

Нагласи дека денеска било малку понапорно да се работи кај дивиот премин бидејќи била сконцентрирана огромна маса луѓе на едно место.

– Претходно додека имаше проток и луѓето доаѓаа во Гевгелија и дневно поминуваа по околу 3.000 мигранти Црвениот крст во соработка со УНХЦР успеваше да ги задоволи потребите на сите, рече Јонузовски.

На железничката станица во Гевгелија имаше околу стотина мигранти претежно од Сирија, Авганистан и Ирак, кои чекаа воз за да ги префрли до македонско-српската граница.

Инаку, врз основа на одлуката на Претседателот на Република Македонија, ангажирана е и Армијата на РМ на јужната граница со Грција. Во моментов  припадници на Армијата вршат заеднички патроли на граничната линија со полицијата, поставена е жица на одредени пунктови кои се сметаат за критични точки каде што влегуваат мигрантите. Попладнево се рапоредени и три оклопни возила хермелини на АРМ.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.