//
Следи нѐ
To Top

Порака во шише најдена во Германија по 108 години „патување„ по море

Порака испратена од Велика Британија во шише, е пронајдена на една плажа во Германија, откако патувала 108 години.

Специјално дизајнираното и добро запечатено шише, со порака во него, било испратено од Британецот Џорџ Паркер Бидер, на почетокот од 20 век, а го откриле брачниот пар Винклер, на една плажа на островот Амрум, каде жената и мажот биле на одмор.

реклама

Маријане Винклер која е пензиониран поштарски службеник, им признала на медиумите дека шишето било најдено уште во април годинава, но таа и сопругот решиле дури сега да им го пријават пронајдокот на весниците.

На свитканата порака со големи букви пишувало-скршете го шишето- но тие долго време се обидивале да ја извлечат пораката, без да го исполнат барањето на испраќчот, но кога неуспеале- го нправиле она што им било сугерирано.

Во шишето нашле поштенска картичка, без датум, но со порака-пронаѓачот да ја испрати содржината од шишењто на Поморско-биолошката асоцијација во Плимут, јужна Англија во брегот од Ламанш.
Кога луѓето во Асоцијацијата, неодамна го примиле писмото од Германија, останале вчудоневидени од пратката.

Шишето е фрлено во водите на Северно Море меѓу 1904 и 1906 година и тоа е едно од вкупно 1020 шишиња што биле испратени за научни потреби.

Џорџ Паркер Бидер кој ја формирал асоцијаата на почетокот од 20 век, настојувал со фрлањето шишиња во море, да го утврди движењето на струите во длабоко море. Пораките во шишињата биле напишани на англиски, германски и холандски јазик.

Неговите наследници, велат дека најголемиот број од шишињата биле најдени по релативно кусо време, од неколку месеци и дека ова најдено во Германија по повеќе од еден век, веројатно е едно од последните.

Досегашниот рекорд за отривање шише со порка, во море, изнесуваше 99 годни и 43 денови. Било испратено во 1914 година, а го нашле рибари, заглавено во рибарските мреќи во 2013 година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: