Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со пониски температури

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои во западните и источните делови, на некои места се очекува да бидат поинтензивни. Попладне во јужните делови ќе има локален пороен дожд со ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 12 до 20, а дневната од 21 до 28 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

реклама

Во Скопје слично време со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 14, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Од недела следува период на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.