Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Илјадници мигранти чекаат на македонско-грчката граница

Насловна фотографија: Ивана Батев / МИА

Состојбата на границата со Грција е под контрола. Од македонска страна, како што информираат од полицијата се пропуштаат одреден број мигранти кои чекаат на границата согласно капацитетите на државата. Предност имаат поранливите категории. На дивиот граничен премин од грчката страна се уште има поголема група мигранти. 

реклама

Претставници на  УНХЦ информираат дека синоќа поради обилните врнежи македонската полиција на дивиот премин на македонско грчката граница пропуштила поголема група мигранти додека вчера во текот на денот пропуштани се ранливи групи на мигранти, односно повредени и мигранти со мали деца.

Воз со околу 300 мигранти утринава во 5 и 15 часот заминал од Гевгелија за Табановце, информираат од Железничката станица во Гевгелија.

Оттаму посочуваат дека за денеска се најавени повеќе вонредни возови за транспорт на мигранти, а патниците од меѓународниот воз од кој сообраќа од Белград до Солун  утрово со автобус се упатија кон Грција.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Ивана Батев / МИА

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.