Следи нѐ
To Top

Бора Бора – идеално место за меден месец

Во самото срце на Тихиот Океан е сместен осамен корален архипелаг, чија површина е поголема од Европа, а кој е идеална дестинација за меден месец.

Овој рај на земјата има најубави песочни плажи со најубав бел песок и најтиркизна боја на море во светот, станува збор за едно од најексклузивните и најдобрите одмаралишта, Бора Бора.

реклама

Скриени мали заливи, преубави плажи и острови од соништата се карактеристиките на Бора Бора.

Островот има вулканско потекло и денес во неговото средиште се наоѓаат остатоци од тој некогашен масивен вулкан.

Први го населиле Полинезијците во 4. век, а по откривањето во 1777 година Џејмс Кук ги организира првите патувања на Европејците во овој дел од светот.

На островот денес живеат околу четири илјади жители, а тој е претворен во туристичка дестинација, која најмногу ја посетуваат американски, јапонски и германски туристи.

Островот е преполн со хотели, од кои тешко е да се издвои најубавиот, но еден особено се истакнува, Интерконтинентал Бора Бора Ресорт е сместен на преубавата песочна плажа со поглед на планината Отемана. Се состои од 80 луксузни вили на море, два ресторани, а има и црква за венчавки, која се наоѓа на море со стаклен под.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.