Следи нѐ
To Top

„One Direction” ќе паузира една година

Исклучително успешниот бенд „One Direction“ ќе направи пауза од една година, со цел членовите да бидат во можност да се посветат на индивидуалните интереси, објави денеска британскиот „Сан” .

Паузата ќе се случи откако бендот, кој претходно оваа година остана без еден член откако Зејн Малик се повлече од музиката,  ќе го објави својот петти албум во март. “

реклама

„Овие момци се заедно веќе пет години, што е извонредно достигнување за било кој „бојс бенд“, изјави неименуван извор за Сан.

„ Целосно заслужија да имаат најмалку една година време да работат на сопствени проекти. Нема лоши односи меѓу нив и тие сите заедно ја донесоа оваа одлука“.

Портпаролот на бендот не даде коментир и не постои потврда на оваа вест на официјалниот Твитер профил на бендот “One Direction”.

Нивниот последен закажан настап ќе биде во Шефилд, Англија, на 31 октомври.

Овој бенд се здоби со меѓународна слава откако го освоија третото место на британската верзија на Х фактор за 2010 година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.