Следи нѐ
To Top

Анализа: Виндоуз 10 доби десетка од корисниците

Вкупно 92 отсто веб корисници кои го инсталирале новиот оперативен систем на Мајкрософт, Видоуз 10, на своите апарати се задоволни од системот, покажуваат резултатите од новата анализа на истражувачката фирма Брендвоч.

Само осум проценти од корисниците, кои веќе го усвоиле Виндоуз 10, се жалат што преминале на овој систем кој е достапен за преземање веќе неколку недели.

реклама

Анализата на Брендвоч продолжува, бидејќи постои можност да се визуелизираат функциите кои најмногу им се допаѓаат на корисниците.

Како најголеми предности на Видоуз 10 се оценети: личниот дигитален помошник Cortana, новиот навигатор Edge и интегрирање на марката Xbox.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Интернет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.