//
Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Претпладне сончево, попладне облачно со пороен дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност која во попладневните часови ќе се зголеми. Во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.

реклама

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Потоа следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневните температури, но температурите нема да бидат особено високи. Во почетокот на следниот викенд ќе достигнат до 37 степени на југоистокот од земјата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: