//
Следи нѐ
To Top

Тие се планетарно славни, но не и богати

Кој вели дека славата и богатството одат под рака? Ако мислите дека секоја холивудска ѕвезда со самото тоа што ги пополнува насловните страни и заработува милиони, сте се излажале. Богатството се мери само со пари, не и со бројот на објавените страници. Тие се славни, но не и богати. Еве за кого станува збор. 

1. Памела Андерсон
Иако многумина мислат дека Памела Андерсон со улогата во познатата серија „Чувари на плажата“ со која се прослави, стекнала доживотно богатство, тоа не е вистина. Дури ни двата развода кои стојат зад неа со познати личности, не биле профитабилни за неа, па така сега нејзината банкарска сметка е блокирана откако ја реновирала куќата за која потрошила милион долари, на наплата стигнале даноците, но бидејќи немала доволно пари морала да ја продаде куќата.

реклама

2. Терел Овенс
Еден од најдобрите НФЛ фаќачи на сите времиња Терел Овенс, иако за време на кариерата стекнал богатство, останал без истото. Лошите деловни одлуки, инвестиции во нелегален аква парк и купување на непрофитабилни недвижнини го довеле до питачки стап. Покрај тоа, издржува три жени и четири деца, иако никогаш не се женел.

3. Тони Брекстон
Наградуваната музичка ѕвезда во чија кариера има дури 40 милиони продадени плочи два пати до сега била во финансиска криза. Првиот пат во 1998 година, потоа во 2010 година по втор пат кога ненадејно морала да го откаже планираното шоу во Вегас поради автоимуна болест. Имено, пеачката боледува од лупус. Овој финансиски слом го оштетил буџетот на ТВ ѕвездата за 50 милиони долари, но Тони Брекстон потоа направила повратничко ријалити со својата мајка и сестра.

4. Мајк Тајсон
Поранешниот боксерски шампион на светот, кој е познат по тоа што на својот противник Евандер Холифилд во тек на меч му одгризал половина уво, исто така е уште една ѕвезда во низата кој доживеал банкрот. По три години одложена казна во затвор во кој бил поради силување, но и други поситни проблеми со законот, поради користење на наркотици не бил во можност да плати данок, па така во 2003 година доживеал банкрот.

5. 50 Cent
Раперот од 50 цент е уште еден од познатите кои искусил банкрот. Нему од судот му стигнала наредба на жената да плати 5 милиони долари бидејќи на интернет поставил домашна снимка со експлицитна содржина од нив двајца, но без нејзина согласност. Иако неговата борба за опстанок не престанува, според неговите зборови, низ животот го следи мотото: Збогати се, или умри обидувајќи се.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: