Следи нѐ
To Top

Продолжува приливот на мигранти, од вчера контрола и од грчка страна

Проценката на УНХЦР дека дневно низ Македонија ќе транзитираат по 3.000 мигранти, вчера се покажа како точна. Според нивната евиденција приближно толкав број мигранти вчера заминале од прифатниот камп во Гевгелија кон Табановце со организиран железнички, автобуски и такси превоз.

Според УНХЦР, транспортот на мигрантите се одвива без проблем, соработката со останатите ангажирани во справувањето со бегалската криза е на потребното ниво, односот на полицијата е коректен, но стои уверувањето дека ЕУ мора да помогне во ублажување на бегалската криза.

реклама

Утрово околу 5 часот со вонреден воз кој тргна од платформата на прифатниот камп кон северната граница заминаа околу 400 мигранти. Следниот вонреден воз со мигранти од Гевгелија ќе замине околу 20 часот. Оние што не стигнаа за возот до Табановце, моментно се превезуваат со автобуси и такси возила кои се паркираат кај мостот на Сува Река додека не се тампонира пристапниот пат.

Од грчка страна мигрантите пристигнуваат во помали групи од порано како резултат веројатно на грчката полиција која конечно од вчера е распоредена на граничната линија со Македонија за да ја контролира состојбата и да го организира нивното преминување во нашата земја.

Црвениот крст информира дека во просек дневно има од 40 до 50 здравствени интервенции и дека во текот на вчерашниот ден биле поделени 200 пакети со храна и вода.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.