Поврзи се со нас

Популарно.мк

Шест решенија за најбезболно носење на чевли со високи потпетици

TEST

Ви препорачуваме

Шест решенија за најбезболно носење на чевли со високи потпетици

Колку и да сакаат да ги носат, многу жени се откажуваат од високи потпетици бидејќи не можат да ја трпат болката во нозете кои тие често ја предизвикуваат. Но, одлична вест е дека ниту една жена повеќе нема да мора да се откажува од овие секси чевли, бидејќи има шест универзални решенија за најбезболно носење на чевли со високи потпетици.

1. Залепете ги прстите со фластер

За да го намалите притисокот од делот на табаните под прстите, третиот и четвртиот прст заедно залепете ги со фластер. Овој трик делува, бидејќи меѓу тие два ножни прста се наоѓа нерв, а фластерот минимализира каков било  напор при одењето на високи чевли.

2. Испрскајте ги нозете со дезодоранс

И најмала количина на пот, носењето на високи чевли може да го направи неподносливо, па за да спречите потење на стопалата, пред да облечете чевли испрскајте ги нозете со дезодоранс, т.е. антиперспирант.

3. Лесно поминете по ѓонот со шмиргла

Ѓонот на новите чевли се лизга? За да создадете лажна рапавост, лесно поминете по ѓонот со шмиргла.

4. Користете вреќички со чај

Против непријатниот мирис на чевлите користете искористени вреќички од чај. Исушете ги и ставете ги да стојат во чевлите 24 часа.

5. Проширете ги чевлите со мраз или фен за коса

Ако чевлите ве стегаат можете да се обидете со две решенија. Првиот е пластични вреќички за замрзнување да ги наполните со вода и да ги пикнете во предниот дел на чевлите. Чевлите ставете ги во замрзнувач да стојат преку ноќ. Како што ќе се смрзнува водата така чевлите ќе се прошират.

Второ решение е да облечете два, три пара чорапи или еден пар дебели волнени чорапи, облечете ги чевлите и со фен за коса дувајте во делот каде ве стегаат. Притоа, виткајте ги и помрднувајте ги нозете, чевлите да се обликуваат според стопалото.

6. Користете перничиња на предниот дел од табаните

Делот на стопалото кое при носење на чевли со високи потпетици најмногу боли, делот од табаните под прстите, олеснете го така што во чевлите ќе ставите меки перничиња.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...
Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.