Поврзи се со нас

Популарно.мк

Џеј Кеј Роулинг ја откри омилената теорија од обожавателите на Хари Потер

Занимливости

Џеј Кеј Роулинг ја откри омилената теорија од обожавателите на Хари Потер

Авторката на Хари Потер, Џеј Кеј Роулинг често е присилена да ги разјасни налудничавите шпекулации по социјалните медиуми, но овојпат идејата од нејзин обожавател ја воодушеви. Тој смета дека директорот на училиштето Хогвартс, Дамблдор ја претставува смртта, ја опиша како „прекраснa“.

Корисникот на твитер, Еби Луис, ја праша Роулинг преку мрежата која е нејзината омилена теорија од обожавателите, на што таа одговори дека претпоставката за Дамблдор „одговара“ во контекст со приказната за Трите браќа, која ја раскажа Хермиона Гранџер во „Хари Потер и реликвиите на смртта, првиот дел“. Обожавателите постираа (како што беше објавено и во Ју-Ес-Еј тудеј) дека во приказната, Лорд Волдеморт е првиот брат кој ја посакува најсилната волшебна палка, Северус Снејп е вториот брат кој го посакува Каменот на воскреснувањето за да си ги поврати најсаканите, меѓу која е и неговата сопруга Лили Потер, а дека Хари Потер е третиот брат кој посакува долг и среќен живот без секогаш присутните закани од Смртта.

Приказната завршува како третиот брат го добива подарокот, заштитната наметка за невидливодст од Смртта, по што станал „Момчето кое живееше со тоа што ја измами својата смртност“. Смртта подоцна со години го бара третиот брат и го пронаоѓа во мигот кога тој му го предава на својот син наметката за невидливост. Тие се поздравиле како стари пријатели и заедно го напуштиле овој свет.

Обожавателите ја започнаа оваа алегорија и на крај заклучуваат дека Дамблдор ја претставува Смртта, затоа што во филмот Хари го поздравува како стар пријател во поинаку раскажаната верзија на станицата Кинг Крос откако бил убиен со убиствената клетва. Единственото што е поинаку е што Хари се враќа во својот живот наместо да умре. Волдеморт и Снејп умираат, првиот заради алчноста за моќ, а вториот заради љубовта, а Дамблдор е виновникот за смртта на двајцата.

Насекаде на други места, Роулинг постојано им повторува на своите обожуватели дека планираната претстава „Проколнатото дете“ за Хари Потер не е воведот (предисторијата) во нејзините толку сакани романи, и дека е многу возбудена заради следниот филм „Фантастичните ѕверови и каде да ги најдете“, каде филмската ѕвезда Еди Редмејн ќе ја игра улогата на магизоологот Њут Скамандер.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.