Следи нѐ
To Top

Земјотрес почувствуван вечерва во јужните делови на Македонија

Земјотрес со интензитет од четири степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998 е почувствуван вечерва во јужните делови од Република Македонија, односно Охрид, Битола и Ресен, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистран во 18 часот и 41 минути во соседна Грција, со епицентар околу 30 km јужно од Битола, односно околу 137 km јужно од Скопје, посочуваат макросеизмичките податоци.

реклама

IntensityMap[1]

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.