Следи нѐ
To Top

Интернационален џез-викенд во Прилеп

Четвртиот интернационален Џез-фестивал вечер почнува во Прилеп. Манифестацијата „Џез-викенд во Прилеп“ што ќе трае до 29 август на публиката ќе и понуди богата програма, а ќе настапат повеќе изведувачи од земјава и од странство.

На летната сцена од Домот на културата „Марко Цепенков“ манифестацијата ќе ја отвори македонскиот артист Емин Џијан со своето трио.

реклама

Снежана Ристеска, советник за култура во општина Прилеп информира дека локалната самоуправа е организатор на Џез-викендот.

– Прилепскиот Џез-викенд, кој е во организација на Одделението за култура при локалната самоуправа, ќе го презентира музичкото творештво од светски џез размери пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските вредности и културни содржини, рече Ристеска.

На Џез викендот ќе настапат Милан Петровиќ Квартет од Србија, триото на браќата Тавитјан, групата на Теодисиј Спасов од Бугарија, руската драмендбејз атракција „Салто“ и алтер составот на Дарко Рундек – „CUL DE SAC“.

Сите три џез вечери, кои почнуваат од 20 часот, ќе се случуваат на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“. Влезот е бесплатен.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.