//
Следи нѐ
To Top

Валентина Колеска: „Во Македонија има се повеќе млади првократни дарители на крв“

По повод празникот Голема Богородица, Општинската организација на Црвен крст-Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина денеска ја организираат 13. крводарителска акција. Акцијата се одржува од 9 до 17 часот во Домот на АРМ.

Валентина Колевска, секретар на општинска организација на Црвен крст-Центар информира дека до 9:30 часот има заведено 40 дарители, а се присутни од 70 до 80 дарители, од сите возрасти.

реклама

Таа потенцира дека веќе 13 години, околу 150 крводарители постојано се приклучуваат на акцијата. Има се повеќе млади луѓе, првократни дарители.

– Секогаш летниот период е проблематичен за обезбедување крвни единици. Токму затоа ова акција се користи за надоплнување на резервите што се потребни во летниот период, рече Колевска.

Додаде дека секоја година се јавуваат се повеќе крводарители. Лани на акцијата се приклучиле повеќе од 350 граѓани, од кои 286 дарувале крв.

Таа изрази надеж дека скопјани и сите посетители на главниот град ќе даруваат крв.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: