Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло со температура до 37 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 31 до 37 степени.

реклама

Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во охридско-преспанскиот регион утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степена, а во дојранскиот регион утринската ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 36 степени.

Во наредните денови се до среда, нашево подрачје ќе биде под влијание на стабилна и топла воздушна маса која ќе предизвика претежно сончево и доста топло време. Особено топло за овој период ќе биде времето во северните и североисточните делови на земјава.

Од среда кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста со локален дожд, ретки грмежи и благ пад на температурата на воздухот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.