Следи нѐ
To Top

Од јуни преку Македонија минале 51.300 бегалци, најбројни Сиријцитe

Уште на 1.032 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, со што вкупната бројка на бегалци што од јуни годинава минале низ државата се зголеми на 51.300.  Најбројни се државјаните на Сирија. 

МВР денеска соопшти дека во периодот од 8:00 часот завчера до вчера во 8:00 часот, се издадени потврди на вкупно 1.032 странски државјани, од кои 716 се од машки пол, 125 се од женски, 171 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 20 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

реклама

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-708, Авганистан – 183, Ирак–68, Пакистан – 58, Бангладеж – седум, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до 30 август оваа година во 8:00 часот, издадени се потврди на вкупно 51.300 странски државјани, од кои, 35.400 се од машки пол, 7.042 се од женски, 7.960 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 898 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-41.603, потоа Авганистан-2.593, Ирак-2.391, Пакистан-1.591, Палестина-650, Сомалија-564, Бангладеж-356, Конго-310, Нигерија-188, Камерун-157 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 8:00 часот на 29 август до 30 август во 8:00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет, соопшти МВР.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.