Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во Гевгелија се очекува нов бран од 7.000 бегалци

Актуелно

Во Гевгелија се очекува нов бран од 7.000 бегалци

Организираниот транспорт на мигрантите од прифатниот пункт кај Гевгелија до Табановце, според проценките на сите чинители вклучени во справувањето со бегалската криза, се одвива во најдобар ред.

Од УНХЦР велат дека кон прифатниот камп во Гевгелија очекуваат во текот на денот постепено да притигнуваат мигранти од поголема група од околу 7.000 лица кои се упатиле кон македонко-грчката граница.

За време на викендот мигрантите се превезуваа само со воз од платформата во Гевгелија до Табановце. Кон границата со Србија и денеска тие заминуваат по железнички пат со редовните и специјалните возови. Според информациите од железничка станица во Гевгелија, изминативе дванаесет часа кон Табановце заминале 1.500 мигранти, а пред малку кон северната граница замина уште еден специјален воз со околу 1.000 мигранти.

Оваа бројка се вклопува и со проценките на меѓународниот Црвен крст чии што активисти велат дека околу 1.600 мигранти до утрово се упатиле од Гевгелија кон Табановце. Бројот на здравствените интервенции е во рамките на нормала, од 40 до 50 на ден, информираа од Црвениот крст, нагласувајќи дека викендов биле поделени и 2.000 пакети со храна и вода.

Претставниците на УНХЦР оперираат со бројка од околу 3.000 мигранти кои изминативе 24 часа заминале од јужната кон северната граница. Според нив, состојбата на границата е нормална, а прифатниот пункт за мигрантите функционира во најдобар ред. Во последниот бран бегалци кои пристигнале во Гевгелија најбројни биле бегалците од Авганистан и Пакистан.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.