//
Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Скопјани викендов уживаа на базенот „Аеродром“!

Жешките температури викендов беа совршен погодок за скопјани. Додека скалилото на термометарот брзаше да се искачи што повисоко, тие го пронајдоа совршениот начин да му пркосат на топлото сонце и да се освежат во последниот викенд од месец август во главниот град.

И мали и големи, вчера базен Аеродром беше исполнет со смеа, натпревари во пливање, пропратени со најпознатите летни музички хитови.

реклама

– „Упорноста може да го промени поразот во неверојатен успех., рекол Мет Бионди, поранешен професионален американски пливач. Tокму тоа е денешното мото на овој настан на Базен Аеродром, каде преку мини натпревари во пливање со македонскиот пливач Мартин Стефановски и микс 4 во 1 составен од 4 различни активности со елементи на пилатес, зумба, степ аеробик и аеробик, заедно со професионалната инструкторка Стојка Спиридоновска, се промовира токму најважната вредност за која се залагаме во нашиот центар, а тоа е упорноста.

Победниците во мини натпреварите кои пливаа рамо до рамо со македонскиот пливач Мартин Стефановски, како резултат на својата брзина, дисциплина и упорност, добија вредносни награди од фитнес и спа центарот Synergy, припадничките на понежниот пол се разиграа со звуците на зумбата заедно со инструкторката Стојка Спиридоновска, а сите останати во оваа урбана оаза се разладија со споделените ладни шишиња Горска Вода.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаавгуст 31, 2015
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаавгуст 31, 2015
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаавгуст 31, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: