Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Опозицијата се враќа во Собранието

Актуелно

Опозицијата се враќа во Собранието

Опозицијата предводена од СДСМ, денеска треба да се врати во Собранието на Република Македонија, согласно договорот од Пржино за надминување на политичката криза.

Пратениците од СДСМ не учествуваа воопшто во работата на Собранието, откако по завршувањето на парламентарните избори во април лани, претседателот на партијата Зоран Заев објави дека не ги признава изборните резултати.

Според протоколот кон договорот од 2 јуни, што на 15 јули го потпишаа лидерите на четирите најголеми политички партии, две недели по враќањето на опозицијата во Собранието, односно до 15 овој месец треба да има нов специјален обвинител со целосна автономија да ја води истрагата за случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Специјалниот обвинител се именува преку договор на партиите потписници.

Лидерот на  СДСМ Заев завчера изјави дека враќањето во Парламентот е со цел да се донесе законот за специјалниот обвинител до 15 септември.

Питер Ван Хојте, олеснувач во разговорите меѓу партиските работни групи, минатата недела изјави дека е постигнат сериозен напредок по сите точки во дијалогот посветен на Изборниот законик. Според него, најтешко е да се мотивираат луѓето постојано да бидат ангажирани во дискусијата, а во разговорите, вели, постигнат е огромен напредок во однос на заемната доверба меѓу политичките партии.

Со договорот од Пржино е предвидено и инаугурација на нова влада на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори што ќе се одржат на 24 април 2016 година. На чело на новата влада ќе биде нов премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Програмата на Владата е ограничена на организирање предвремени парламентарни избори.

Во меѓувреме, покрај враќање на опозицијата во Собранието и именување специјален обвинител, со договорот од Пржино се предвидува на 20 октомври година, да бидат именувани нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика по предлог на СДСМ. Во тие министерства истовремено ќе бидат именувани нови дополнителни заменици министри на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Заменици министри, по предлог на СДСМ, пак, ќе бидат именувани во министерствата за финансии, за земјоделство, шумарство и водостопанство, и за информатичко општество и администрација. Тие заменици-министри ќе имаат полно право на преглед и вето во соодветните министерства по сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.