Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Гурмански викенд со пиво на Кале: Започнува осмиот по ред Пиволенд

МК Сцена

Гурмански викенд со пиво на Кале: Започнува осмиот по ред Пиволенд

На Скопската тврдина (Кале) од денеска до 6-ти овој месец, по осми пат, ќе се одржува традиционалната манифестација – Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2015“.

На „Пиволенд 2015“ ќе бидат понудени над 50 брендови пиво и гурманска храна. Годинава покрај домашни пива, како што најавија организаторите, ќе бидат понудени и пива од Мексико, Шпанија, Греманија, Чешка, Белгија… Оваа година акцентот ќе биде на белгиските, при што ќе бидат понудени над 20 брендови на пиво од оваа земја.

Петте фестивалски денови ќе бидат исполнети со богата музичка програма со настапи на големи имиња од македонската музичка сцена, како и гости од странство. На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат Тони Зен, Ласт Експедишн, Суперхикс, Смат, Културно Уметнички Работници, Флека, Есма Реџепова, Верка, Барбарела …од странство ќе гостуваат  Лемон Бакет Оркестра од Канада, Бркови од Хрватска, а програмата ќе биде збогатена со Блендед Бру од Данска.

Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“. За организација на гурманскиот викенд, Градот Скопје од буџетот издвојува 200.000 денари.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.