Поврзи се со нас

Популарно.мк

ЖРК Вардар победник на турнирот „Вардар 2015“

Ракомет

ЖРК Вардар победник на турнирот „Вардар 2015“

Со триумфот над Ростов 29:24, ракометарките на Вардар се победнички на турнирот организиран по повод првиот роденден на СЦ „Јане Сандански“.

Со триумфот вардарки го повторија успехот на машкиот тим кој исто така стигна до трофејот.

„Црвено-црните“ до победата дојдоа со подобра игра во финишот на средбата, откако првото полувреме заврши нерешено 14:14, а гостинките во еден момент имаа и водство со 12:9. Неизвесно и со израмнет резултат се влезе во последните десет минути кога беше скршен отпорот на противникот. Од 22:22, со серија од 4-0 Вардар резултатски се одлепи и ги реши дилемите околу победникот.

За освојувачот на трофејот организаторот обезбеди парична награда од 5.000 евра, второпласираниот Ростов освои 3.000 евра, а третопласираната Будуќност 1.000 евра.

Од 4-6 место се пласираа: Лајпциг, Савехоф и Подравка.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ракомет

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.