Следи нѐ
To Top

Пожарот на Водно целосно изгаснат во текот на ноќта

Пожарот на Водно кај Теферич е целосно изгаснат, а во текот на ноќта на терен беа останати дежурни екипи.

Командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски утрово изјави дека пожарот е изгаснат уште синоќа и оти е интервенирано со 13 цистерни.

реклама

Пожарот кај Теферич избувна вчера попладне, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше ставен под контрола и немаше опасност од негово проширување.

Во околината на Теферич имаше пожар и на 21 јули годинава. Тогаш  беа зафатени сува трева и грмушки на околу 3.000 метри квадратни.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.