//
Следи нѐ
To Top

Три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Петровец – Скопје

Tри лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила претпладнево во 9.15 часот на автопатот Петровец-Скопје.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, полициските екипи вршат увид на местото на несреќата, а во меѓувреме сообраќајот е пренасочен.

реклама

Како што за МИА информираа од СВР – Скопје, во сообраќајката учествувале три возила и тоа патничко моторно возило „Ленд ровер“ со тетовски регистарски таблици, товарно моторно возило „Цитроен“ со штипски регистарски таблици и патничко моторно возило „Гранд чероки“ од Скопје.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: