Следи нѐ
To Top

Денеска многу топло со температура до 39 степени – од утре северен ветер и заладување

Поголем дел од Македонија денеска ќе се наоѓа во портокалова фаза, со сончево и многу топло време претпладне, а попладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен западен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 32 до 38 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево и топло, а попладне со мала до умерена облачност.Ќе дува умерен западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

реклама

Од утре попладне се очекува значителна промена на времето со зголемена облачност, локален дожд и умерен до засилен западен ветер над 60 километри на час кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика осетно опаѓање на температурата, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Заладувањето ќе биде поизразено во северните делови од земјата, а во останатите подрачја ќе се почувствува од понеделник, кога ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди.

Дневната температура ќе биде пониска за околу шест до седум степени во однос на денешната и ќе се движи од 24 до 30 степени, а слични температури се очекуваат и во текот на целата недела.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.