Следи нѐ
To Top

Од денеска затворена скопската обиколница поради снимањето на филмот „A Fond“

Скопската обиколница од 7 часот изутрина е затворена за сообраќај, согласно воведениот времен режим поради снимањето на францускиот филм „A Fond“.

Сите возила се пренасочуваат кон влезот во Скопје.

реклама

Според Одобрението од Министерство за транспорт и врски од 3-ти овој месец и известувањето од „Мануфактура продукција“, времена измена на режимот на сообраќај на делница 3 Автопат 2, клучка „Хиподром“ – клучка „Сарај“ (Скопска обиколница) ќе има 16 дена од 7 до 19 часот.

Скопската обиколница ќе биде затворена од 7 до 11 септември, од 14 до 18 септември, од 21 до 25 септември, како и на 28 септември.

Според Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Информацијата се однесува само за македонската страна на премините.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.