Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и посвежо – од утре дожд и значителен пад на температурата

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во источниот дел на земјава ќе има услови за појава на слаб дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 21 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

реклама

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

В среда кон крајот на денот и в четврток се очекуваат пообилни врнежи од дожд кои во западните и југозападните делови на земјата ќе бидат доста обилни кога се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.