Следи нѐ
To Top

Празнична велосипедска тура по повод Денот на независноста на Македонија

По повод 8-и Септември, Денот на Независноста на Република Македонија, по четврти пат ќе се реализирара подвигот НЕЗВИСНОСТ – МАКЕДОНИЈА.

И овој пат 73 годишниот Ѓорги Кузмановски и 47 годишниот Дејан Момировски – Денда со велосипеди ќе извозат од Скопје- Куманово – Пробиштип – Св. Николе во должина од 120 километри.

реклама

И двајцата ентузијасти се долгогодишни велосипедисти и тренери кои секоја година го прославуваат празникот на независноста со велосипедска тура во различна дестинација.

Оваа традиција ќе ја прололжат и во наредните години сакајќи меѓудругото да ја подигнат свеста кај повозрасните генерации дека спортувањето и рекреацијата не познава старосни граници.

2012 Битола- Скопје – 175 км
2013 Скопје – Гевгелија – 165 км
2014 Крушево – Скопје – 150 км
2015 Скопје-Свети Николе- 120км

Сојузот на спортови на Скопје како организатор на оваа активност сака да ја истакне важноста на овој подвиг со цел младите да ја согледаат тежината и упорноста на овие врвни велосипедисти славејќи го празникот на независноста.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.