Следи нѐ
To Top

„Јапан тајмс“ со специјален текст за независноста на Македонија

Во најтиражниот весник на англиски јазик во Јапонија „Јапан Тајмс“ денеска е објавен специјален текст по повод независноста на Република Македонија.

„Јапан Тајмс“ излегува и се распространува заедно со New York Times International во преку 38 земји.

реклама

Како што соопшти Амбасада на Република Македонија во Јапонија, ова е прв пат овој весник да објави текст за Република Македонија, во позитивна светлина и во пресрет на нашиот голем национален празник.

Во текстот честитка упати првиот резидентен амбасадор на РМ во Јапонија Андријана Цветковиќ, сумирајќи ги односите меѓу двете земји и најавувајќи нова фаза на културно и економско партнерство помеѓу Јапонија и Македонија во годините кои следуваат. Исто така честитајќи им го празникот на сите Македоници, се обраќа и претседателот на јапонско македонското друштво за пријателство Фумио Фуруја.

Логото на „Гугл“ со македонско знаме

logo-google

Еден од најголемите светски интернет пребарувачи „Гугл“, од синоќа своето лого го збогати со знамето на Македонија.

Македонското знаме е „поставено“ по повод Денот на независноста, 8-ми Септември.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.