Следи нѐ
To Top

Селена Гомез се вклучи во акција за помош на заболените од рак

Пејачката Селена Гомез се вклучена во чувствителна акција, чија цел е помош на жените заболени од рак.

Како заштитно лице на брендот „Пантен“, Селена ја поддржа нивината програма „Beautiful Lengths“ и ги повикува жените да се придружат на акцијата „8 или 8“.

реклама

Селена ги повикува сите да донират или осум долари или осум инчи (20 сантиметри) од своите коси, за да се овозможи изработка на перики за жените кои ја загубиле својата коси во борбата против ракот.

Овој бренд веќе донираше 800.000 прамени коса кои во должина од најмалку 20 сантиметри. Со осум такви прамени може да се направи една перика.

– Горда сум што сум дел од оваа акција која и помага на жентие кои се борат со ракот да се чувствуваат самоуверено, силно и убаво, изјави Селена за „Тин Вог“.

Младата пејачка вчера објави видео на нејзиниот Инстаграм профил каде објаснува како функционира оваа акција.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.