//
Следи нѐ
To Top

Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Струга: Еден загинат и седум повредени

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што денеска околу 10 часот се случи на стариот пат Охрид-Струга во близина на Подмољје, потврди СВР Охрид.

– Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „Голф“ со струшки регистарски таблици, кое се движело во правец од Струга према Охрид, преминало на спротивната коловозна лента и директно се судрило со автобус на компанијата „Галеб“ што се движел во спротивниот правец. Од силината на ударот починала Ардие И. (26), која го управувала патничкото возило „Голф“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

реклама

Седум патници од автобусот со полесни повреди се пренесени во охридските болници, дел се задржани, а дел по укажаната лекарска помош пуштени се на домашно лекување.

На местото на незгодата извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Охрид и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај-Охрид.

За време на увидот сообраќајот се одвиваше со пренасочување кон новиот регионален пат.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: