Следи нѐ
To Top

ФОТО: Македонија убедливо го загуби клучниот меч на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на ФИБА Евробаскет 2015, овојпат поуспешна беше репрезентацијата на Грузија којашто го доби натпреварот со убедливи 90:75.

Овој натпревар беше клучен за нашата селекција во остварувањето на амбициите, а тоа е пласман меѓу 16 најдобри на ЕП. Нашите кошаркари лошо го отворија мечот и Грузијците брзо поведоа со двоцифрена разлика. Македонија на два пати се доближуваше резултатски, но сепак не успеа да направи пресврт, а Грузија го зачува водството до самиот крај.

реклама

Најефикасен кошаркар во победничкиот табор беше Заза Пачулија со дабл-дабл учинок од 23 поени и 13 скокови, а Маркоишвили забележа 18 поени, додека во репрезентацијата на Македонија како најефикасни завршија Ричард Хендрикс со 14 и Бојан Трајковски со 13 поени.

Следниот меч на ЕП, воедно и последен од првата фаза во Загреб репрезентацијата на Македонија го игра утре, против Словенија, од 15 часот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Кошарка

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.