Следи нѐ
To Top

Apple повторно направи историја: Претставени новите iPhone-и, Apple TV и iPad Pro

Apple повторно ги помести границите со развојот на технологијата и направи историја!

На денешното „Hey, Siri!“ шоу беа претставени сите нови достигнувања на Apple и новите производи кои оваа компанија ги презентираше пред стотиците новинари денеска во Graham Civic Auditorium во Сан Франциско.

реклама

Откако беа споделени иновациите кај Apple Watch, новиот 12.9 инчен таблет и сè што е ново кај Apple TV, на крајот на големиот настан , Apple ги покажа и новите модели на iPhone.

apple-iphone-6s-live-_1910.0[1]

Новите паметни телефони на компанијата ги носат имињата iPhone 6S и iPhone 6S Plus, а моделите ќе се нудат со ново алуминиумско куќиште во сребрена, златна, космичко-сива и розово-сребрена боја.

Смартфоните на iPhone ќе располагаат со нова функција по име 3D Touch. Оваа опција веќе е претставена на паметниот часовник на Apple и на дел од моделите на лап-топ како Force Touch.

25[1]

Новите модели на iPhone користат чип A9. Тој е за 70% побрз во однос на обработката на информациите и за 90% побрз од претходниот чип во однос на графиката.

Новите телефони имаат нов TouchID сензор кој е два пати побрз и располагаат со 12 мегапиксели iSight камера, какви што впрочем беа и очекувањата.

На крајот од конференцијата, присутните гости и новинари ги забавуваше светски познатиот бенд кој неодамна имаше свој концерт и во Македонија, One Republic.

screen_shot_2015-09-09_at_3.16.46_pm[1]

Сѐ уште не е познато кога новиот iPhone и останатите нови производи на Apple ќе бидат достапни и во Македонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.