Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Татјана Алексиќ: Епидемија на депресија

Колумни

Татјана Алексиќ: Епидемија на депресија

10 септември е прогласен за Светски ден за превенција од самоубиства!

„Смртоносната мода“ му се заканува на светот како епидемија поубиствена и од канцерот. Секој десетти човек има меланхоличен израз на лицето, не заради природните црти туку заради неприродната состојба на духот и телото. Парите, успехот и популарноста не секогаш се атрибути на среќен живот. Данокот на стресот како последица од преголеми ангажмани, премор, одрекувања, докажувања… оданочува со седативи, алкохол и дрога.

Депресијата е лична војна кога ќе се достигне врвот во кариерата и популарноста без емотивна сатисфакција. Духовите од несреќното детство, генетската предиспозиција, чувство на вина, недостаток на љубов и разбирање, тешко се справуваат со депресијата на успехот.

Од времето на Клеопатра, која се самоубива со кобра, историјата се полни со славни самоубијци како Ван Гог, Сергеј Јесенин, Владимир Мајаковски, Ернест Хемингвеј и неговата внука Марго Хемингвеј (генетика), Вирџинија Вулф, Џуди Гарленд, Мерлин Монро, фронтменот на Нирвана, режисерот на култните филмови „Топ Ган“ и „Полицаецот од Беверли Хилс“ и неодамна починатиот оскаровец Робин Вилијамс.

Од депресија страдале Ханс Кристијан Андерсон, Чарлс Дикенс,, Гете, Вилијам Фокнер, Едгар Алан По, Марк Твен, Џорџ Гордон Бајрон, но се излекувале со стручна помош Мел Гипсон, Жан Клод Ван Дам, Камерон Дијаз, Кетрин Зита Џонс, Винона Рајдер, Стинг, Џенет Џексон и бог знае уште колку обични смртници кои не се на списокот на славните.

Полни со предрасуди тешко прифаќаме психијатриска помош која на крајот е беспомошна да се справи со депресијата како болест, а не како минлива состојба.

Превентивен лек е ЉУБОВТА во неограничени количини!!! <3

Прочитај повеќе
Татјана Алексиќ

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.