//
Следи нѐ
To Top

Даниел Кајмакоски номиниран за МТВ ЕМА награда!

“Пресреќен сум бидејќи навистина е едно посебно задоволство да бидам номиниран за MTV Best Adria Act за 2015! Посебна чест е да се најдеш на листа со веќе докажани артисти, кои се со бројни достигнувања позади себе. За мене ова претставува мал, но битен чекор кон една визија која ја дели целиот тим. Посебно благодарам на МТВ Адриа за постојаната поддршка и признавање на мојата работа на овој начин !“ – споделува Даниел Кајмакоски.

Оваа година MTV Europe Music Awards се одржуваат во Милано, Италија на 25-ти октомври. Пред одржувањето публиката ќе има можност од 15-ти септември до 14-ти октомври да гласа за номинираните во сите категории, вклучително и за Даниел Кајмакоски во категоријата Best Adria Act (или најдобар изведувач во областа Адриа).

реклама

Гласањето ќе се одвива онлајн, преку официјалната веб страна: http://www.mtvema.com/

Во истата категорија со Даниел се: 2CELLOS, Marčelo, Hladno pivo и уште еден изведувач кој ќе биде номиниран дополнително преку гласање од публиката во текот на оваа недела.

Последен номиниран артист од Македонија за категоријата Best Adria Act е групата Суперхикс, во 2009-тата година. Минатата година наградата ја освои познатата група Ван Гог.

Даниел Кајмакоски заедно со “Деценије” оваа година по трет пат се искачува на првото место на топ листата MTV Domacica, која опфаќа артисти и музика од целиот балкански регион.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: