Поврзи се со нас

Популарно.мк

САД одбележуваат 14 години од терористичките напади на 11 септември

Актуелно

САД одбележуваат 14 години од терористичките напади на 11 септември

САД денеска одбележуваат 14 години од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, во кои загинаа 2.977 лица.

Во рамки на одбележувањето на годишнината од терористичките напади, американскиот претседател Барак Обама ќе ја посети воената база во местото Форт Мид во Мериленд.

Портпаролот на Белата куќа Ерик Шулц изјави дека Обама ќе разговара со припадниците на војската, кои секојдневно се грижат за безбедноста на земјата.

Главната церемонија, како и во претходните години, ќе се одржи во Националниот меморијален центар, што се наоѓа на местото на некогашниот Светски трговски центар, со што ќе се одбележи сеќавањето на уривањето на двете „кули близначки“, нападот врз Пентагон и падот на авионот во Пенсилванија на 11 септември 2001 година.

Оддавањето почит на  жртвите во Меморијалниот центар вклучува и читање на имињата на настраданите во нападите во 1993 и 2001 година, додека вечерва два снопа сина светлина ќе бидат вперени кон небото за да потсетат на урнатите кули на Светскиот трговски центар

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.