//
Следи нѐ
To Top

За три дена 26 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 26 сообраќајни незгоди.

Во петок, на 11 септември, извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден велосипедист.

реклама

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во сабота, на 12 септември, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и еден возач на мопед.

Случени се и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден возач на мопед.

Вчера извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, тројца сопатници и еден мотоциклист.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 34 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 32 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 16 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и пет возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Преземени се и 13 мерки по прекршоци кои најчесто ги чинат возачите на велосипед, мотор, мопеди и мотоцикли.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 87 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Uncategorized

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: