Следи нѐ
To Top

Македонец заработи кривична поради присвојување „ферари“

Кривична пријава е поднесена против Т.Ц.(25) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение дека сторил  кривично дело  „затајување“.

– На 31-ви јули годинава пријавениот од компанија во Швајцарија на користење  изнајмил патничко возило „Ферари“ со која склучил договор за изнајмување на возилото од 31 јули до 10 август годинава и според договорот возилото требало да го управува  на територијата на Австрија, Швајцарија и Германија, но спротивно на договорот пријавениот возилото не го вратил во определениот рок и со истото дошол во Република Македонија и покрај тоа што немал право да го управува на територијата на Република Македонија, информираат од МВР.

реклама

Со кривичното дело, како што велат од полицијата, пријавениот противправно за себе го присвоил возилото кое што му било доверено на користење, причинувајќи штета на компанијата од над 70.000 евра.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.