Следи нѐ
To Top

В петок во Скопје егзибиции и акробации со велосипеди!

Скопје в петок ќе биде домаќин на светскиот FMB сребрен настан, Macedonia X-Treme 2015: Balkan Bike Festival, на кој љубителите на спортот и вљубениците во велосипедизмот ќе имаат можност да видат разни егзибиции и акробации со велосипеди на повеќе од 40 натпреварувачи од шест држави.

Од Планинарскиот клуб за велосипедисти во Македонија Oxygen, организаторот на настанот што ќе се оддржи на платоата пред Скопје Сити Мол и пешачките зони долж булеварот „Партизански одреди“ и улицата „МАНАПО“, ветуваат спектакуларно и адреналинско шоу кое ќе разбуди восхит кај сите возрасти.

реклама

За таа цел веќе се постави земјена патека со должина од 150 и широчина од 10 метри, со почетна скокалница висока 15, а долга 30 метри, три помали скокалници со висина од 2,5 метри и четири вештачки ридови со висина од по четири метри.

6

Во настанот ќе бидат вклучени разни егзибиции и акробации, како BMX натпреварот во склоп на кој ќе бидат распространети BMX рампи на простор од 500 метри квадратни поставени првпат на Балканот специјално за оваа манифестација.

Англиската акробатска група од Лондон, Savage Skills, ќе има свои free style егзибици, а ќе присуствува и трократниот европски првак, Бен Савиќ од Англија, кој е веќе  пристигнат во Скопје и ќе биде дел од овој несекојдневен настан.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.