Следи нѐ
To Top

Најавен Вино Скоп 2015: Оваа година фестивалот се сели на паркингот позади салата „Борис Трајковски“

Оваа есен од 30-ти септември до 4 октомври, традиционално по деветти пат во Скопје ќе се одржи најпознатиот македонски вински фестивал- Вино Скоп 2015.

Потврдено е учеството на над 20 најдобри македонски вински брендови кои како и секоја година по промотивни цени ќе ги презентираат своите вина, а ќе има и вкусни македонски деликатеси кои одлично одат со добра чаша вино.

реклама

Како збогатување на богатата винска и гурманска понуда е и музиката за душа.

vinoskop

Настапуваат: Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Миле Кузмановски, Куку Леле, Тони Зен и Флека, Лозано, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Ристо Самарџиев, Тајзи, Бета Хаус и многу други.

Поради тоа што фестивалот од година в година е се поголем, локацијата е променета. Вино Скоп 2015 ќе се одржи позади С.Р.Ц „Борис Трајковски“ на паркингот кај АкваПарк.

Фестивалот е во организација на „Темов“ и со поддршка од град Скопје.

Бидете и вие дел од есенската приказна исполнета со многу љубов, вино и музика. Вино Скоп 2015

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Uncategorized

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.