//
Следи нѐ
To Top

Амазон го претстави таблетот „Фајр“ со цена од 68 евра

Американскиот гигант „Амазон“ го претстави својот нов евтин таблет „Фајр“, што ќе чини 68 евра.

Фајр таблетот има 7 инчен екран, 1,3 гигахерци квад-кор процесор и 1 ГБ РАМ меморија, што овозможува нормално користење на интернет, работа и играње игри.

реклама

Таблетот има ИПС екран и користи Фајр ОС5 оперативен систем. Неговата внатрешна меморија може да се прошири на 128 ГБ со помош на СД картичка.

Амазон Фајр таблетот може да се нарача од 17 септември, а испораките се очекува да почнат на 30 септември годинава.

Таблетот Фајр е еден од четири нови уреди што Амазон ги претстави на пазарот. Тука се и Амазон Кидс Едишн таблетот, Фајр ХД8 и Фајр ХД 10 таблетите. Таблетите со ХД ознака имаат 1,5 гигахерци процесори и дебелина од 7,7 милиметри.

Моделот со 8 инчи ќе чини 177, а моделот од 10 инчи 232 евра.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: