Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТО: Култни филмски ликови на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

МК Сцена

ФОТО: Култни филмски ликови на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

Свеченото отворање на овогодинешното издание на фестивалот Браќа Манаки беше обележано со коктел за добредојде органзиран од страна на компанијата БиМилк која е новиот генерален спонзор на фестивалот.

Секогаш имајќи го во центарот на своето работење задоволството на потрошувачите, БиМилк им приреди оригинално доживување на гостите овозможувајќи им дегустација на разновидни млечни коктели во атмосфера соодветна на големо фестивалско случување.

Најголемото изненадување од БиМилк беше појавувањето на неколку култни филмски ликови кои, секој на свој начин, се симбол на филмското платно и ги одбележаа изминатите децении. Под мотото ‘‘Филм на улица‘‘ (Movie on the streets) Малена, Матилда, Жената-мачка, Дороти и Холи продефилираа на црвениот килим предизвикувајќи голем интерес и потсетувајќи ги присутните на легендарните женски ликови одиграни од Моника Белучи во ‘‘Малена‘‘, Натали Портман во ‘‘Леон, проефионалецот‘‘, Џуди Гарланд во ‘‘Волшебникот од Оз‘‘, Одри Хепберн во ‘‘Појадок кај Тифани‘‘ и Хали Бери во ‘‘Жената-мачка‘‘.

Во текот на фестивалските денови, истите филмски ликови ќе шетаат низ Широк сокак со што, благодарение на БиМилк, ќе го направат 36. издание на фестивалот незаборавно за сите гости и граѓани на Битола.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.