Следи нѐ
To Top

АКРОБАЦИИ ОД КОИ ЌЕ ВИ ЗАСТАНЕ ЗДИВОТ: Вчеравечер започна Балкан Бајк Фест

Вчеравечер Балкан Бајк Фест ги собра зависниците на адреналинот на едно место, пред платото на Скопје Сити Мол, каде се изведуваа навистина опасни акробации со велосипеди.

Веднаш по отворањето од страна на Бен Савиќ и неговата група Savage Skills, започнаа квалификациите за Македонија BMX open натпреварот, а по нив следуваше и тренингот за FMB WORLD TOUR SILVER EVENT, секако проследен со забава и музика.

Она што денес ги очекува зависниците од адреналин се квалификациите за FMB WORLD TOUR, кои започнаа во 10:00 часот и траат се до 14 часот. По нив е големото BMX OPEN НАТПРЕВАР ФИНАЛЕ, додека пак вечерта не очекува финалето за FMB WORLD TOUR SILVER EVENT-от проследено со забава и музика.

This slideshow requires JavaScript.

Сите овие активности се планирани и ќе се случуваат пред платото на Скопје Сити Мол, додека пак МТВ XCM МАРАТОН, кој започна во 08 часот наутро пред Скејт Паркот во Карпош, а од таму велосипедистите се упатија кон Водно и повторно назад до молот. Она што исто така ќе се случува денес на Водно е и официјалниот тренинг за UCI/BX XC трката.

За најмладите вреди да се напомене дека пред платото на Скопје Сити Мол е поставена и Детската Вело школа на молот, која функционира секој ден за време на Балкан Бајк Фестивалот.

Детската вело Скопје Сити Мол школа е наменета за дечиња од 4 до 12 години, а она што може да се очекува за нив се интересните спори трки, кружни/полигон трки, многу забава, едукација за велосипедизмот, смеа и музика.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.